Област на интервенција
Вардар е најважната река во прекуграничната област на Грција и Македонија и е една од најголемите реки на Балканот (втора по големина после Марица). Нејзината целосна должина е 380 км од кои 76 км течат низ Грција.
Хомер ја нарекувал „ vathydinin“ и „ euryreonta“, што значи дека е длабока, формира вртлози и има широко корито. Во Македонија, каде што се протега поголемиот дел, реката се нарекува Вардар, додека пак во Грција зборот Вардар се користи за севернозападниот ветер кој дува низ долината на реката Аксиј.
Извира од Македонија, северно од Гостивар и поминува низ градот, како и низ градовите Скопје и Велес и по течењето близу градот Гевгелија влегува во Грција. Грчкиот дел од реката тече од Поликастро и Аксиопули, како и западниот дел од Солун и се влева во Егејското море.
Реката Вардар е главниот снабдувач на свежа вода и талози во заливот и се користи за снабдување со вода и наводнување, на што се должи плодноста на рамнините во Кукуш и Солун. Реката Вардар и реките Колудеј и Бистрица течат близу една до друга и формираат една област од 11,808 км2 која е заштитена со Рамсарската конвенција.
Покрај тоа, Вардар сочинува еден природен ресурс и споменик на голема природна убавина, дополнително допринесувајќи кон поврзувањето на двете земји на полето на животната средина и одржливиот развој. Како и да е, реката Вардар е примател на загадувачи како и отпадни материи кои се влеваат од населбите низ кои поминува реката и како резултат на тоа таа е под влијание на станбените и индустриските загадувачи.
На почетокот на дваесеттиот век Вардар течела неколку километри на југозапад од Солун, и со тоа се заканувала да го пресече пристапот на пристаништето кон морето, поради постојаното таложење на Солунскиот залив. Во 30-тите години коритото на реката било пренесено со технички работи на неговата сегашна локација. Од тогаш речната делта станала проширена рамнина. Како и да е, неодамнешните мерења покажале дека во текот на последните 30 години делтата е еродирана, поради намалување на снабдувањето со вода на реката и празнењето на талогот. По текот на реката Вардар има 13 брани од кои 12 се однесуваат на нејзините притоки во Македонија.
Во пролет и лето, крајбрежните шуми на Вардар собираат илјадници чапји, кои репродуцираат: мали бели чапји, сиви чапји, ноќни чапји, ибиси и бели чапји, кои формираат, заедно со црниот ибис, малиот корморан и кормораните, една од најголемите мешани колонии на птици во Грција.
Заштитата на реката Вардар е едно многу важно прашање поради што е потребна прекугранична соработка за да се осигури и зголеми ефикасноста на неопходните активности. Заштитата и промоцијата на ваквиот природен споменик може несомнено да допринесе кон подобрувањето на животот во прекуграничната област. Освен тоа, разумното управување, заштитата и контролата на квалитетот на ресурсите на вода ќе доведат до минимализација на негативните ефекти, ризиците, опасностите и заканите, како и до заштита и подобрување на ресурсите на вода.
Во рамките на спроведувањето на проектот Аква-М, во општина Гевгелија, ФИРОМ, беше изградена втората фаза од одводниот канал Рауљ, кој ги собира и канализира атмосферските води и го штити градот Гевгелија од поплави. Истовремено, беше изработена Студија за собирање и канализирање на сите атмосферски води. Во Грција се отвори целосно опремена лабораторија која ја анализира водата од Вардар како и останатата урбана вода во прекуграничната област, додека пак Општинското претпријатие за водовод и канализација на Пајонија е обезбедено со иновативен автоматски систем SCADA за оптимизација на менаџментот со урбана вода и контролата на нејзиниот квалитет